Комисија за надворешна политика
Е-пошта: knadvpol@sobranie.mk
Комисијата има претседател, 12 члена и нивни заменици.
Комисијата ги разгледува прашањата што се однесуваат за:
- надворешната политика на Република Македонија и нејзините односи со другите држави и меѓународни организации;
- политиката со која се обезбедува грижата на Републиката за положбата и правата на припадниците на македонскиот народ во соседните земји и за иселениците од Македонија, како и за културните, економските и социјалните права на граѓаните од Републиката во странство;
- стапување или истапување од сојуз или заедници со други држави;
- стапување во членство или истапување од членство на меѓународни организации;
- потреба од започнување преговори за склучување на билатерални и мултилатерални меѓународни договори на Република Македонија, односно за платформите на овие преговори;
- ратификација на меѓународни договори;
- меѓународна регулатива од областа на човековите и граѓанските права, слободи и документи на меѓународни организации и асоцијации;
- воспоставување на парламентарна соработка на Републиката со други држави и меѓународни организации;
- воспоставување соработка со комисиите за надворешна политика на парламентите на другите држави;
- иницијативи и предлози за дефинирање на стратегијата на надворешната политика на Република Македонија и
- други прашања што се однесуваат на надворешната политика на Република Македонија.
Претседател: ТЕУТА АРИФИ
Заменик на претседателот: ЕРМИРА МЕХМЕТИ
Членови: АЛЕКСАНДАР НИКОЛОСКИ
ВЛАДИМИР ЃОРЧЕВ
ХРИСТИНА РУНЧЕВА
ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ
ЛИЛЈАНА ПОПОВСКА
ВАСКО ШУТАРОВ
МАРИЈА АНДОНОВСКА
НАЗИФ БУШИ
ИГОР ИВАНОВСКИ
ВЛАДО БУЧКОВСКИ
ЃОРЃИ ОРОВЧАНЕЦ
ФЉОРА КАДРИУ
Заменици на членовите: ФИЈАТ ЦАНОСКИ
ЈОВАН ЛАЗАРЕВ
АВДИЈА ПЕПИЌ
ИЛИЈА ДИМОВСКИ
АЛЕКСАНДАР СПАСЕНОВСКИ
ЦЕНА МАТЕВСКА
СИЛВАНА БОНЕВА
ХАЈРУЛА МИСИНИ
НИКОЛА ЌУРКЧИЕВ
МАРИНЕЛА ТУШЕВА
АНДРЕЈ ЖЕРНОВСКИ
САДИЈЕ ИЛЈАЗИ