Комисија за образование, наука и спорт
Е-пошта: kobranau@sobranie.mk
Комисијата има претседател, 12 члена и нивни заменици.
Комисијата ги разгледува прашањата што се однесуваат за:
- системот и организацијата на предучилишното воспитување и образование, основното, средното и високото образование;
- правото на настава на јазиците на заедниците во областа на воспитувањето и образованието;
- системот и организацијата на научно-истражувачката дејност;
- создавање, примена и вреднување на пронајдоците, патентите и други инвентивни активности што произлегуваат од научното, уметничкото или друг вид интелектуално творештво;
- информатиката, научниот и технолошкиот развој и техничката култура;
- организација, развој и функционирање на информациониот систем во Републиката;
- образованието на младите, ученичкиот и студентскиот стандард;
- поттикнување на интелектуалното, културното и научното творештво на младите;
- едукација за превентивна заштита на младите од болестите на зависност и од СИДА;
- развој и унапредување на физичката култура;
- развојот на врвниот спорт и
- други прашања што се однесуваат на образованието, науката, младите и спортот.
Претседател: САФЕТ НЕЗИРИ
Заменик на претседателот: ВУЛНЕТ АМЕТИ
Членови: ФИЈАТ ЦАНОСКИ
АЛЕКСАНДАР СПАСЕНОВСКИ
ЈОВАН ЛАЗАРЕВ
ЦВЕТКО ГРОЗДАНОВ
ИВИЦА ГЕОРГИЕВСКИ
ВИОЛЕТА ТАШЕВА
НАТАША ЈАНЕВСКА
АДНАН ЈАШАРИ
СЛАВИЦА ГРКОВСКА
АНДРЕЈ ПЕТРОВ
МАРИНЕЛА ТУШЕВА
САДИЈЕ ИЛЈАЗИ
Заменици на членовите: ДАРКА ПЕТРУШЕВСКА
ВЛАДИМИР ЃОРЧЕВ
ЛИЛЈАНА ЗАТУРОСКА
ТОМЕ ДАНЕВСКИ
СОЊА ЦВЕТКОВСКА
МИЛЕ ПАЧЕМСКИ
ЛИДИЈА МИТЕВА
ФАЗЛИ ВЕЛИУ
ВЛАДО БУЧКОВСКИ
ИГОР ИВАНОВСКИ
СТАНКА АНАСТАСОВА
ФЛОРА КАДРИУ