КОМИСИЈА ЗА ЕВРОПСКИ ПРАШАЊА
Е-пошта: kep@sobranie.mk
Комисијата има претседател, четиринаесет члена и нивни заменици.
Комисијата ги разгледува прашањата што се однесуваат за:
- следење на спроведувањето на Националната стратегија за интеграција на Република Северна Македонија во Европската Унија и редовно го известува Собранието за нејзиното спроведување;
- следење на исполнување на обврските кои произлегуваат од договорите меѓу Република Северна Македонија и Европската Унија и остварување на програмите и другите акти на институциите на Европската Унија, вклучувајќи ги и програмите за финансиска помош;
- следење и поттикнување на процесот на усогласување на законодавството на Република Северна Македонија со законодавството на Европската Унија, како и предлага мерки за унапредување на постапките за усогласување, дава мислења и предлози за активностите на другите работни тела на Собранието и го насочува нивното внимание на прашања сврзани со приемот на Република Северна Македонија во членство во Европската унија;
- следење на активностите на Владата и органите на државната управа во врска со приемот на Република Северна Македонија во членство во Европската Унија и во врска со нив дава мислења и препораки;
- анализирање на последиците од пристапување на Република Северна Македонија во членство во Европската Унија и подготвува извештаи во врска со истите;
- редовно информирање на Собранието за сите прашања сврзани со европската интеграција, вклучително и преку собирање информации, литература и други документи поврзани со Европската Унија;
- предлагање и остварување на активности насочени кон информирање на јавноста за процесите на европската интеграција;
- соработката со соодветните комисии на другите земји и
- разгледува други прашања во врска со европската интеграција и приемот на Република Северна Македонија во членство во Европската Унија.