Пратеници



Поповски Никола

Член на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ).

Член на Централниот одбор и Претседателството на СДСМ. Координатор на пратеничката група на СДСМ во Собранието на РМ. Претседател на Комисијата за финансирање и буџет при Собранието на РМ. Член на делегацијата на Собранието на РМ во Парламентарното собрание на Советот на Европа. Претседател на пратеничката група на Собранието на РМ за соработка со Парламентот на Република Ирска.

Роден 1962 година во Скопје, РМ. Македонец. Завршил Економски факултет. Бил вработен во Министерството за развој и во Владата на Република Македонија, а од 1990 година е професионално партиски ангажиран. Добро го знае англискиот јазик. Бил пратеник во Собранието на РМ во двата претходни мандати од 1992 до 1994 и од 1994 до 1998 година. Живее во Скопје.

Click