Отворен парламент

ПОЧИТУВАНИ ГРАЃАНИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, 

Со големо задоволство сакаме да ве информираме дека Собранието повторно ќе бидe отворенo за посета од страна на граѓаните. Како што и претходно информиравме, а поради изведување на градежни работи на зградата на Собранието на Република Македонија, посетите на граѓаните беа времено прекинати. Сега повторно се отвора можност граѓаните да ја разгледаат внатрешноста на зградата како значајно историско обележје на македонската државност. Посетителите ќе имаат можност да го посетат свечениот дел на Собранието и да добијат одговор на нивните прашања во врска со работењето на Собранието на Република Македонија.

Собранието ќе биде отворено секој последен петок во месецот, а заинтересираните граѓани потребно е да се пријават на телефон 02 3 182 227 или на е-пошта:s.stamenkovska@sobranie.mk најдоцна пет работни дена пред посетата. 

  • Април - 24.4.2015 (петок)
  • Мај - 22.5.2015 (петок)
  • Јуни - 26.6.2015 (петок)
  • Септември - 25.9.2015 (петок)
  • Октомври   -   30.10.2015 (петок)
  • Ноември - 27.11.2015 (петок)
  • Декември - 25.12.2015 (петок)
  • Јануари - 29.1.2016 (петок)
  • Февруари - 26.2.2016 (петок)
  • Март     - 25.3.2016 (петок)
  • Април     - 29.4.2016 (петок)
  • Мај     - 27.5.2016 (петок)
  • Јуни     - 24.6.2016 (петок)
  • Септември - 29. 9.2016 (четврток)
  • Октомври- 28.10.2016 (петок)
  • Ноември - 25.11.2016 (петок) 
  • Декември -2.12. 2016 (петок)
  • Декември -23.12. 2016 (петок)