Собраниско раководство



Понеделник, 6 декември 2010 година

Данска го поддржува проширувањето на ЕУ

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, го прими новоименуваниот вонреден и ополномоштен амбасадор на Кралството Данска, со седиште во Виена, Н.Е. Торбен Брил.

Претседателот на Собранието, г. Вељаноски, ја поздрави поддршката која Кралството Данска ја дава на понатамошното проширување на ЕУ, вклучително и земјите од Западен Балкан.

Тој потенцираше дека членството на земјите од Западен Балкан во ЕУ е прашање на време и зависи од нивниот капацитет во исполнувањето на неопходните обврски, а за Република Македонија би било особено значајно доколку во Кралството Данска има поддржувач во исполнувањето на неопходните стандарди.

Амбасадорот Брил, од своја страна, се заложи за идно унапредување на вкупните и особено парламентарните односи.

Претседателот Вељаноски, во однос на меѓусебната парламентарна соработка, истакна дека Собранието е отворено за унапредување на соработката на сите нивоа, на ниво на претседатели на парламентите и групите за пријателство, како и во доменот на комисиската соработка, особено меѓу комисиите за надворешни работи на двете земји.

Од двете страни беше истакната потребата од унапредување на меѓусебната економска соработка, зајакнувањето на напорите на Република Македонија да обезбеди поголема конкурентност во бизнисот, а од амбасадорот Брил беше поздравена макроекономската стабилност на Република Македонија во услови на турбулентни светски економски прилики.    



Click