Собраниско раководство

Сабота, 1 мај 2010 година

Делегација на Собранието на Република Македонија, предводена од претседателот Вељаноски, учествуваше на отворањето на светската изложба Шангај Ескпо 2010

Делегацијата на Собранието на Република Македонија, предводена од претседателот, г. Трајко Вељаноски, која е во посета на Народна Република Кина, денеска учествуваше на свеченото отворање на светската изложба Шангај Ескпо 2010. 

По тој повод, претседателот на македонското собрание, г. Вељаноски, имаше средба со претседателот на НР Кина, г. Ху Џин Тао, кој во чест на високите гости приреди свечена вечера. Притоа, претседателот Вељаноски се заблагодари за топлиот прием и ја искажа својата увереност дека организацијата на Експо 2010 ќе ја следи успешноста на олимписките игри во Пекинг, а НР Кина уште еднаш ќе биде домаќин на еден значаен глобален настан кој ќе ја одбележи оваа година.

Инаку, на вечерата присуствуваа повеќе од 50 шефови на држави, претседатели на парламенти и на влади од различни земји, по што следеше спектакуларна програма во изведба на стотици учесници и познати пејачи и актери од целиот свет, меѓу кои Андреа Бочели и Џеки Чен.

Крајот на свеченото отворање на светската изложба беше проследен со грандиозен получасовен огномет на небото над Шангај. 

Инаку, изложбата Шангај Експо 2010 ќе трае до крајот на октомври и се очекува да ја видат околу 70 милиони посетители од целиот свет. Република Македонија е претставена со сопствен павилјон, дизајниран во облик на пчелино саќе, во кој ќе бидат претставени македонската традиција, култура и историските вредности.

Претседателот Веаљаноски утре ќе оствари средби со потпретседателот на НР Кина, г. Ши Џин Пенг и со потпретседателот на Секинескиот народен конгрес, г. Хан Шид.
Click