Собраниско раководство

Петок, 19 февруари 2010 година

Средба на претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, со Комесарот за проширување и политика на соседство, г. Штефан Фуле

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, денеска го прими Комесарот за проширување и политика на соседство, г.Штефан Фуле.

На средбата, претседателот Вељаноски истакна дека Република Македонија и сите нејзини институции продолжуваат со реформите кои се потребни за нашето членство во Европската унија.
„Иако не добивме датум за започнување на преговорите, а тоа Европската комисија го препорача, ние многу сериозно и одговорно продолжуваме да работиме на остварувањето на нашата интеграција во европското семејство на кое му припаѓаме. На ова нe обврзува и фактот дека над 92 проценти од граѓаните на Република Македонија се за членство во ЕУ и НАТО. Во исто време, продолжуваме со преговорите кои се водат под покровителство на ОН и господинот Нимиц за изнаоѓање на решение за спорот со името наметнат од соседна Грција. Решавањето на спорот со името и нашето членство во ЕУ, секако, е во интерес на Република Македонија, но исто така е значајно за стабилноста и интеграцијата на регионот, како и за Европа во целост“, изјави претседателот Вељаноски
.

 Еврокомесарот Штефан Фуле истакна дека Република Македонија минатата година направила квалитетни чекори напред во процесот на интеграција во ЕУ.

„Убеден сум дека оваа година ќе продолжите со реформите. Притоа, сакам да истакнам дека Европската комисија, односно сите институции на ЕУ, во вас гледаат партнер, бидејќи имаме заеднички проект - интеграција на Република Македонија во ЕУ. Што се однесува на билатералниот спор со соседна Грција, мислам дека сега е вистинскиот момент ова прашање да се реши. Ние, како Европска комисија, правиме сe за да ги поттикнеме двете страни во изнаоѓање на решение за спорот со името“, изјави еврокомесарот Фуле.

           

Click