Собраниско раководство



Петок, 22 јануари 2010 година

Претседателот на Собранието г. Трајко Вељаноски ги прими лорд Џорџ Фолкс од Домот на Лордовите во Британскиот парламент и г. Марк Версалион од Конзервативна партија

Претседателот на Собранието, г. Трајко Вељаноски, денеска, во рамките на активностите за реализација на заедничкиот проект на Собранието на Република  Македонија и Вестминстерската фондација за демократија, оствари срдечна средба со лорд Џорџ Фолкс од Лабуристичката партија во Домот на лордовите во Британскиот парламент и со г. Марк Версалион, претседавач на Форумот за надворешни работи на Конзервативната партија. На средбата се разменија мислења за текот на реализацијата на заедничкиот проект меѓу Собранието и Вестминстерската фондација за демократија за зајакнување на вкупните парламентарни капацитети на Собранието на Република Македонија и насоките за реализација на заедничките активности за наредниот едногодишен период. Од двете страни беше изразено задоволството од досегашниот тек на реализација на проектот.

Лордот Џорџ Фолкс бил пратеник во Британскиот парламент цели 26 години. Од 2007 година е член на Комисијата за разузнавање и безбедност во Домот на лордовите, а во мај 2007 е избран во парламентот на Шкотска и го претставува регионот Лотиајан и е член на Комисијата за јавни сметки.

Click