Собраниско раководство



Петок, 22 јануари 2010 година

Средба на претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски со министерот за европски и меѓународни работи на Република Австрија Михаел Шпинделегер

Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски оствари средба со сојузниот министер за европски и меѓународни работи на Република Австрија Михаел Шпинделегер. На средбата претседателот Вељаноски изрази задоволство од посетата на австрискиот министер, ја нагласи поддршката од Република Австрија за нашите евроатлантски интеграции и ја потенцираше подготвеноста на Република Македонија да продолжи со реформите кои се на агендата на ЕУ, како и продолжување на преговорите со Република Грција околу изнаоѓање на решение кое ќе биде прифатено и од двете страни.

Министерот Шпинделегер го изрази своето задоволство од посетата на Република Македонија и на Македонскиот парламент, и, како поранешен парламентарец на Австрија, ја истакна важноста на парламентите на двете земји во билатералната соработка и изрази надеж дека оваа соработка ќе продолжи и во иднина.

Австрискиот министер посебно нагласи дека Република Австрија и понатаму ќе продолжи да ја поддржува Република Македонија, како и земјите од Западен Балкан на нивниот европски пат и блиските пријателски односи и соработка ќе продолжат и понатаму.

Click