Собраниско раководство



Петок, 26 март 2010 година

Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски го прими Министерот за надворешни работи на Република Турција Ахмет Давутоглу

На средбата, која помина во отворена и пријателска атмосфера, и двете страни оценија дека билатералните односи меѓу Република Македонија и Република Турција се многу добри, нема отворени прашања, а сето ова дава добра основа тие односи да се развиваат и продлабочуваат. Претседателот на Собранието, г. Трајко Вељаноски, изразувајќи благодарност за поддршката од страна на Република Турција за наше членство во НАТО, потсети дека Република Македонија и по Букурешт активно и одговорно ги презема и исполнува своите обврски кон алијансата.

„Македонија е единствена држава која не е членка на НАТО, а го зголеми бројот на своите војници во мировните мисии, особено во Авганистан. Процесот на евроатланските интеграции е неизбежен, бидејќи е во интерес  и на Република Македонија и на Европа, затоа јас сум убеден дека тој ќе се случи“, истакна Вељаноски.

Зборувајќи за парламентарната соработка меѓу двете држави, претседателот на Собранието истакна дека таа е многу добра и се одвива на сите нивоа. Во целокупните билатрални односи меѓу двете држави многу значајна улога има и турската етничка заедница кај нас. Со својот ангажман на сите полиња припадниците на турската етничка заедница се потврдуваат како лојални граѓани и даваат значаен придонес во целокупниот развој на Република Македонија.

За нас Република Македонија била и останува голем пријател и вие имате многу значајна улога во стабилноста и развојот на целиот Балкански регион. Многу работи кои ги имате постинато може да послужат како пример за другите држави во регионот“, истакна министерот за надворешни работи на Република Турција, г. Ахмет Давутоглу.

Потсетувајќи дека во сите документи на НАТО во кои е спомената привремената референцата за Македонија, Турција инсистира секогаш да стои и нашето уставно име под кое тие не признаваат.

„Спорот со името не го направивте вие, туку другата страна, а Турција во иднина ќе го интензивира својот ангажман многу брзо да станете полноправна членка на НАТО, бидејки вие тоа одамна го заслуживте“, истакна министерот Давутоглу.


Click