Собраниско раководство



Среда, 10 февруари 2010 година

Средба на претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, со вонредниот и ополномоштен амбасадор на Република Србија, Н.Е. Томислав Ѓурин

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, го прими новоименуваниот и ополномоштен амбасадор на Република Србија за Република Македонија, Н.Е. Томислав Ѓурин. На средбата, претседателот Вељаноски ја нагласи својата подготвеност како претседател на Собранието да помогне во интензивирање на севкупната политичка и економска соработка меѓу двете земји, ја потенцираше исто така и заедничката придобивка со добивањето на визната либерализација, како за Република Македонија, така и за Република Србија, и ја искажа својата подготвеност да биде домаќин на возвратната официјална посета на неговата колешка, претседателот на Народното Собрание на Република Србија, Славица Ѓукиќ-Дејановиќ.

Амбасадорот на Република Србија го изрази своето задоволство од оваа негова прва средба со претседателот Вељаноски, ги нагласи воспоставените добри пријателски односи меѓу двете земји и истакна дека неговиот главен приоритет за време на неговиот мандат во Република Македонија, освен политичката соработка, ќе биде пред сè и зајакнување на економската соработка на сите нивоа и во таа насока ќе работи повеќе и ќе даде свој придонес како амбасадор на Република Србија во Република Македонија.

Click