Собраниско раководство



Среда, 14 април 2010 година

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, се сретна со претседателот на Република Албанија, Н.Е. Бамир Топи

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, денеска оствари средба со претседателот на Република Албанија, Н.Е. Бамир Топи. На средбата, претседателот Вељаноски го потенцираше високото ниво на билатерални односи меѓу двете земји, како и интензивната парламентарна соработка која се движи во постојана нагорна линија и изрази надеж дека оваа динамика на соработка ќе продолжи и во иднина, го нагласи значењето на реформите кои ги правиме како држава и значењето на економската соработка меѓу Република Македонија и Република Албанија и, како што истакна претседателот Вељаноски, посебно значење за соседните земји од регионот претставува целосната интеграција во НАТО и ЕУ.

Претседателот на Република Албанија, Бамир Топи, се заблагодари за топлиот прием при оваа негова прва официјална посета на Република Македонија и, како што истакна тој, високо ја цени оваа посета на земја пријател и сосед, го потенцираше исто така високото ниво на развиени билатерални односи и го нагласи значењето и потребата од постојан дијалог и комуникација меѓу двете земји и упати посебна благодарност до претседателот Вељаноски што му овозможи да се обрати пред пратениците во Собранието на Република Македонија во институција која претставува столб на демократијата, како што истакна претседателот Бамир Топи.

Click