Собраниско раководство

Петок, 21 октомври 2011 година

Проштална средба на претседателот Вељаноски со амбасадорот на Република Австрија, г. Алојз Краут

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, имаше проштална средба со амбасадорот на Република Австрија, г. Алојз Краут.

Соговорниците се согласија дека односите меѓу двете земји се добри и на билатерален план и во рамките на меѓународните организации. Економската соработка има добра основа, особено поради фактот што една австриска банка е веќе присутна на македонскиот пазар и истата со себе носи импулс за дополнителни инвестиции од австриски компании.

Идниот амбасадор го започнува мандатот веднаш по заминувањето на г. Алојз Краут, што е показател за важноста и развиеноста на односите меѓу Република Македонија и Република Австрија.

 
Click