ЕУ вести



Среда, 16 ноември 2011 година

Европарламентот го одбра најдобриот филм

Францускиот филм „Снеговите на Килиманџаро“, во режија на Роберт Гедигијан,  е добитник на филмската награда „Лукс“ за 2011 година, која ја доделува Европскиот парламент. Францускиот режисер го оцени своето дело како филм за верноста, солидарноста и моралот.

Наградата ја врачи првиот европарламентарец, г. Јержи Бузек, за време на церемонијата во рамките на пленарната седница на Европарламентот во Стразбур. Победникот доби финансиско покривање на преводот на филмот на 23-те официјални јазици на Европската унија.

Филмот „Снеговите на Килиманџаро“ победи во конкуренција на финалистите „Голотија“ од Атина Рејчел Цангари (Грција) и „Игра“ од Рубен Остлунд (Шведска, Франција, Данска).

Имиграцијата, правдата, солидарноста, основните права и слободи, економската криза и солидарноста, се темите кои ги обработуваат филмовите кои конкурираат за наградата „Лукс“. Секој награден филм од Европарламентот фрла поглед на животот на Европејците, нивните уверувања и сомнежи, како и нивната потрага по идентитет.

Европскиот парламент годинава по петти пат ја додели наградата „Лукс“, почнувајќи од 2007 година. Лани добитник на наградата беше филмот „Странци“ на австрискиот режисер Фео Аладаг.

 

Click