ЕУ вести

Вторник, 22 ноември 2011 година

Конференција за безбеден интернет

Советот на Европа и Федералното министерство за европски и меѓународни прашања на Австрија, на 24 и 25 ноември во Виена, ќе одржат Конференциja на тема „Наш Интернет - наши права, наши слободи".

Претставници на земјите-членки на Советот на Европа, приватниот сектор, парламенти, граѓанското општество и интернет заедницата ќе бараат начини за подобра заштита на човековите права, демократијата и законодавството на интернетот.

Меѓу прашањата на кои ќе се бара одговор се: какви правни норми се потребни за заштита на личните податоци на интернет, кои се следните чекори во борбата со онлајн криминалот,  како да им се обезбеди безбеден интернет пристап на децата и како да им се овозможи на корисниците да ги остварат своите права.

Конференцијата се очекува да придонесе во дефинирањето на стратегијата на Советот на Европа за управувањето со интернетот за периодот 2012-2015 година, која моментално е во подготовка.
Click