ЕУ вести



Петок, 18 ноември 2011 година

Конференција за е-администрацијата во ЕУ

Европските министри одговорни за електронска администрација, вчера и денеска, одржуваат конференција во Познањ, посветена на „Прекуграничните електронски административни услуги за Европејците".

На конференцијата во Полска (земјата која е моментален претседавач со ЕУ), учествуваат претставници на национални, регионални и локални администрации, бизнис сектори, невладини организации и експерти, како и министри од земјите-членки на ЕУ, земјите-кандидати и земјите од ЕФТА.

Дискусијата е насочена кон најважните прашања поврзани со развојот и ширењето на услугите на е-администрацијата во Европа, и тоа:

  • политики за активностите во областа на услугите на е-администрацијата, вклучувајќи ги социјалните и економските аспекти;
  • интероперативна стратегија за олеснување на општиот пристап до услугите на е-администрацијата во земјите-членки на ЕУ за сите граѓани и претпријатија;
  • општествена грижа за: последиците од воведувањето на е-администрацијата, социјалното вклучување, општествените вредности, зајакнување на позицијата на корисниците и осигурување на квалитетот на сервисите.

Конференцијата ќе биде пропратена со изложба на најновите постигнувања во областа на електронските административни услуги и апликации. Секоја земја-членка ќе претстави до три различни проекти, избрани врз основа на сопствените приоритети во развојот на е-администрацијата.

Click