ЕУ вести



Четврток, 27 октомври 2011 година

Наградата „Сахаров” за „Арапска пролет“

Петмината активисти од „Арапска пролет“ се добитници на овогодинешната награда „Сахаров”, која ја доделува Европскиот парламент за слобода на мислата. Лауреатите се: Мохамед Буазизи од Тунис, кој е награден постхумно, Асма Махфуз од Египет, либискиот дисидент Ахмед ал Зубеир Ахмед ал Сануси, сирискиот адвокат Разан Зајтоунех и карикатуристот Али Фарзат, исто така од Сирија.

„Овие поединци придонесоа за историски промени во арапскиот свет, а оваа награда ја потврдува солидарноста на Парламентот и силната поддршка за нивната борба за слобода, демократија и крај на авторитарниот режим. Нивната награда е симбол на сите оние кои работат за достоинството, демократијата и основните права во арапскиот свет и надвор од него“, изјави претседателот на Европскиот парламент, г. Јержи Бузек..

Групата „Арапска пролет“ победи во тесна конкуренција со финалистите: г. Дмитри Бандаренка - граѓански активист и член на Белоруската асоцијација на новинари и Заедницата за мир Сан Хосе де Апартадо - колумбиска заедница на селани.

Наградата „Сахаров“, која е наречена во чест на советскиот физичар и политички дисидент Андреј Сахаров, Европарламентот ја доделува од 1988 година на поединци или организации кои придонеле за правата на човекот и демократијата.

 

Click