ЕУ вести

Понеделник, 7 ноември 2011 година

Нов центар за медиумски плурализам и слобода на медиумите

Европската комисија ќе отвори центар во кој ќе се развиваат нови идеи за тоа како да се осигура висок степен на медиумска слобода и разноликост, како и зголемување на медиумскиот плурализам во Европа.

Центарот ќе извршува четири специфични дејности: теориски и применети истражувања, расправи, образование и обуки, како и ширење на резултати.

Отворањето на центарот е предвидено за наредниот месец, со седиште во Фиренца, а со него ќе раководи проф.Пјер Луиџи Парку.

„Слободата на изразување во дел зависи од разноликоста и слободата на медиумите. Новиот центар е важен за развојот и тестирањето на идеите за медиумски плурализам и слобода“, изјави потпретседателот на Европската комисија за дигитална агенда, г. Нели Крос.

Европскиот универзитетски институт е избран за домаќин на новиот центар поради долгогодишното искуство во областа на европското управување.





 
Click