ЕУ вести



Вторник, 15 ноември 2011 година

Нова стратегија за правата на децата

Со цел финализирање на новата стратегија за правата на децата за 2012-2015 година, Советот на Европа, на 20 и 21 ноември, ќе одржи конференција во Монако, на која ќе присуствуваат министри, пратеници, бранители на детските права и претставници на граѓанското општество.

Стратегијата е проектирана за да осигура почитување на правата на децата, преку развој на услуги за децата, отстранување на сите форми на насилство врз децата и промовирање на култура за почитување на детските права, потреби и мислења.

Конвенцијата на Обединетите нации за правата на детето ги признава децата како носители на повеќе основни права. Во Европа основните права на децата се дополнително заштитени со Европската конвенција за човекови права и Европската социјална повелба.

Сите 47 земји-членки на Советот на Европа, меѓу кои и Република Македонија, треба да соработуваат и да се заложат за изградба на простор каде децата ќе се чувствуваат сигурно, среќно и како дома.

Click