ЕУ вести

Вторник, 15 ноември 2011 година

Ученици во посета на Европарламентот

Група од околу 250 ученици и нивни наставници од 27-те земји-членки на Европската унија и 13 медитерански земји, два дена беа дел од програмата „EuroMedScola“ во Европскиот парламент во Стразбур, која има за цел да го поттикне учеството на младите луѓе во политиката.

На учениците на возраст од 16 до 18 години, им се овозможи да седнат во европските пратенички клупи и да му поставуваат прашања на претседателот на Европарламентот, г. Јержи Бузек.

Првиот европарламентарец изрази задоволство од средбата со учениците и нивниот ангажман за време на престојот во Европскиот парламент, сметајќи дека тие би можеле да бидат идните европски лидери.
Click