ЕУ вести

Понеделник, 21 ноември 2011 година

Универзален ден на децата

По повод вчерашниот ден, 20 ноември, на кој се одбележува Универзалниот ден на децата, високиот претставник на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика, г-ѓа Кетрин Ештон, порача сите во своите можности да ги зголемат своите напори за да им се овозможи на децата вистинско детство, во кое ќе го реализираат сиот свој потенцијал.

„Денеска го празнуваме Меѓународниот ден на децата, што претставува можност да размислиме за нашиот најскапоцена вредност - идното поколение“, изјави вчера г-ѓа Кетрин Ештон.

Високиот претставник на ЕУ потсети на фактот дека многу деца немаат онакво детство какво што заслужуваат, дека многумина од нив живеат во сиромаштија и страв.

Секоја година илјадници деца настрадуваат во конфликти, некои од нив се принудени да бидат деца-војници, а други ги губат семејствата и пријателите. Од друга страна, многу млади девојчиња се присилени на брак, проституција и ропство, и притоа го губат својот живот во текот на бременоста или пораѓањето насилството или злоупотребата. 

Идејата за Универзален ден на децата е усвоена од Народното собрание на Обединетите нации во 1954 година. 20 ноември се одбележува како ден на кој во 1959 година Народното собрание на ОН ја има усвоено Декларацијата за правата на детето, а во 1989 година е донесена и Конвенцијата за правата на детето, која Република Македонија ја ратификуваше во 1993 година.

Сите држави-членки кои ја имаат ратификувано Конвенцијата за правата на детето, се обврзаа да ги преземат сите соодветни законодавни, административни, социјални и образовни мерки да го заштитат детето од сите облици на физичко или психичко насилство, повреди или злоупотреби, занемарувања или немарен однос, малтретирања или експлоатации, вклучувајќи ја и сексуалната злоупотреба.
Click