ЕУ вести



Понеделник, 7 ноември 2011 година

Обединетото Кралство нов претседавач со Комитетот на министри

Во наредните шест месеци, Обединетото Кралство ќе претседава со Комитетот на министри на Советот на Европа, во кој период ќе се фокусира на човековите права.

За време на денешниот состанок на Комитетот на министри, британскиот министер за надворешни работи, г. Вилијам Хејг, ги претстави приоритетите на својата земја како претседавач за наредните шест месеци, а тоа се:

  • реформи на Европскиот суд за човекови права и зајакнување на примената на Европската конвенција за човекови права;
  • поддршка на Програмата на генералниот секретар Торбјорн Јагланд за реформи на Советот на Европа како организација;
  • јакнење на законодавните права;
  • управувањето со интернет, вклучително и слободата на изразување на интернет;
  • борба со дискриминацијата врз основа на сексуалната определба и половата еднаквост;
  • рационализирање на активностите на Советот на Европа за поддршка на локалната и регионалната демократија.

Улогата на претседавач со Комитетот на министри Обединетото Кралство ја презеде од Украина, чие претседателството траеше од 11 мај до денеска, а ќе се задржи на оваа функција до 14 мај 2012 година, кога ротационото претседателство ќе го преземе Албанија.

Инаку, Обединетото Кралство е основач и со самото тоа и член на Советот на Европа од 5 мај 1949 година. 

Click