Европскиот парламент ќе ги награди новинарите 14.10.11...



Петок, 14 октомври 2011 година

Европскиот парламент ќе ги награди новинарите

На 19 октомври, Европскиот парламент по четврти пат ќе ја додели наградата за новинарство, која ја добиваат новинари кои дале голем придонес разјаснувајќи важни прашања на европско ниво или придонеле за подобро разбирање на институциите на Европската унија и нивната политика

Прочитај повеќе

Светски ден против смртната казна...



Понеделник, 10 октомври 2011 година

Светски и европски ден против смртната казна

Денеска, 10 октомври, по деветти пат се одбележува Светскиот и европски ден во борбата за укинување на смртната казна, кој годинава се фокусира на неа како грубо, нечовечко и понижувачко постапување и казнување. Овој ден претставува можност да се подигне свеста за нечовечноста на смртната казна во текот на целиот процес, од казнувањето до извршувањето

Прочитај повеќе

Третпат потврдена препораката за пристапни преговори на Мак...



Среда, 12 октомври 2011 година

Третпат потврдена препораката за пристапни преговори на Македонија со ЕУ

„Остануваме на нашата препорака за почнување на пристапните преговори. Перспективите за интеграција во Европската унија се водилка за продолжување на реформскиот процес. Сепак, со продолжување на спорот за името, мотивираноста за реформи е намалена. Постигнат е мал прогрес во текот на изминатава година. Суштествените предизвици остануваат - независноста на судството, реформите во јавната администрација и борбата против корупцијата. Слободата на изразување и натаму останува сериозен предизвик. Затоа клучно е да се постигне прогрес за прашањето за името. Решавањето премногу се одолжува. Отворањето на пристапните преговори ќе биде корисно не само за земјата и за регионот, туку и за Европската унија како целина. Не смее да биде загубена уште една година“, истакна еврокомесарот Филе.

Прочитај повеќе

Пленарна седница на Европарламентот 12.10.11...



Среда, 12 октомври 2011 година

Пленарна седница на Европарламентот

Европскиот парламент денеска и утре во Брисел ќе одржи Пленарна седница, на која, меѓу другото, ќе стане збор за тоа дали Бугарија и Романија треба да се вклучат во Шенген зоната. Расправата ќе се одржи денеска, а гласањето по оваа Резолуција ќе следи утре

Прочитај повеќе

Европската комисија ќе го презентира Извештајот за напредок...



Среда, 12 октомври 2011 година

Европската комисија ќе го презентира Извештајот за напредокот на Република Македонија во 2011 година

Пакетот документи со стратегијата за проширување, заедно со Извештаите за напредокот на земјите-кандидати за членство во ЕУ и аспиранти за членство во Брисел, ќе ги презентира еврокомесарот за проширување, г. Штефан Филе.

Прочитај повеќе

Петти самит на ЕУ и Бразил 4.10.11...



Вторник, 4 октомври 2011 година

Петти самит на ЕУ и Бразил

На Петтиот самит на Европската унија и Бразил, кој се одржа во Брисел, челниците ги потврдија заедничките вредности и принципи кои се изразуваат во нивното стратешко партнерство, со акцент на посветеноста кон поттикнување мир и меѓународна безбедност, зајакнување на демократијата и законодавството, почитување на човековите права и основните слободи, како и одржлив развој на социјалната вклученост и заштита на околината

Прочитај повеќе

Отворен центар за посетители во Европарламентот 10.10.11...



Понеделник, 10 октомври 2011 година

Отворен центар за посетители во Европарламентот

Европскиот парламент отвори нов центар за посетители во Брисел, кој ќе овозможи поблизок пристап во работата на европратениците и кој е целосно достапен на 23-те официјални јазици на Европската унија

Прочитај повеќе

Големо „благодарам“ од Европарламентот за волонтерите од Ев...



Понеделник, 5 септември 2011 година

Големо „благодарам“ од Европарламентот за волонтерите од Европа

Европскиот парламент оваа седмица ќе биде домаќин на 1.500 млади волонтери од цела Европа, за да ја испочитува нивната досегашна добротворна работа

Прочитај повеќе

Италија - топ дестинација за летување на Европејците 25.8.1...



Четврток, 25 август 2011 година

Италија - топ дестинација за летување на Европејците

Најпосетена туристичка дестинација за Европејците ова лето е самата Европа, покажува извештајот на Европската комисија. Италија е топ дестинација за летото 2011 година за 11,5 проценти од европското население

Прочитај повеќе

Три филмови во конкуренција за наградата на Европарламентот...



Петок, 29 јули 2011 година

Три филмови во конкуренција за наградата „Лукс“

„Голотија“ од Атина Рејчел Цангари (Грција), „Снеговите на Килиманџаро“ од Роберт Гедигијан (Франција) и „Игра“ од Рубен Остлунд (Шведска, Франција, Данска), се трите филмови кои ќе се борат за наградата „Лукс“ за 2011 награда, која ја доделува Европскиот парламент

Прочитај повеќе

Номинирани десет филмови за наградата на Европарламентот...



Понеделник, 4 јули 2011 година

Номинирани десет филмови за наградата на Европарламентот

Европскиот парламент на 46. Меѓународен филмски фестивал Карлови Вари, ги претстави десетте филмови, кои ќе се борат за овогодишната награда „Лукс“

Прочитај повеќе

Претседателот на Европарламентот ја отвори седницата во Стр...



Вторник, 5 јули 2011 година

Претседателот на Европарламентот ја отвори седницата во Стразбур

На отворањето на пленарната седница на Европскиот парламент во Стразбур, која ќе трае од 4 до 7 јули, претседателот на Парламентот, г. Јержи Бузек, го поздрави почетокот на шестмесечното полско претседавање со Европската унија

Прочитај повеќе

Полска нов претседавач со ЕУ 01.07.2011...



Петок, 1 јули 2011 година

Полска нов претседавач со ЕУ

Eвропските интеграции како извор на развој, создавање на безбедна и отворена Европа, со силна поддршка на проширувањето на Европската унија со земјите од Западен Балкан, се дел од приоритетите што си ги постави Полска за своето претседавање со ЕУ.

Прочитај повеќе

Хрватска ги завршува пристапните преговори со ЕУ 30.6.11...



Четврток, 30 јуни 2011 година

Хрватска ги завршува пристапните преговори со ЕУ

По речиси шест години преговори за членство во Европската унија, денеска на Меѓувладината конференција за пристапување, Хрватска ќе стави крај на овој европски пат, со затворање на последните четири поглавја

Прочитај повеќе

Колку странци живеат во ЕУ? 14.7.11...



Четврток, 14 јули 2011 година

Колку странци живеат во ЕУ?

Од вкупното население во земјите од Европската унија, 32,5 милиони жители, односно 6,5%, се странци, покажуваат податоците на европското статистичко биро „Еуростат“ за 2010 година. 12,3 милиони од нив се државјани на друга држава од ЕУ, а 20,2 милиони имаат државјанство од некоја земја надвор од Унијата.  

Прочитај повеќе
1234     
Click