Најави



Среда, 13 јули 2011 година, 12,00 часот, Сала 1

 
ПЕТТА СЕДНИЦА НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 
Дневен ред:

 
1. Предлог на одлука за испраќање на припадници на Армијата на Република Македонија за учество во мировна операција во Авганистан во состав на Школото за воена полиција во рамките на НАТО мисијата за обука во Авганистан (NTM-A).

2. Предлог за именување вицегувернер на Народната банка на Република Македонија;

3. Предлог на закон за изменување на Законот за употребата на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Република Македонија и во единиците на локалната самоуправа, по скратена постапка, поднесен од пратениците Талат Џафери, Ермира Мехмети, Реџаил Исмаили, Вјолца Мехмети Нуредини, Арбен Љабеништа, Дешира Имери, Бехиџудин Шехаби, Ирфан Деари и Рафет Муминовиќ;

4. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за употреба на знамињата на заедниците во Република Македонија, по скратена постапка, поднесен од пратениците Талат Џафери, Ермира Мехмети, Вјолца Мехмети Нуредини, Дешира Имери, Арбен Љабеништа, Реџаил Исмаили, Сузана Салиу, Ирфан Деари и Рафет Муминовиќ;

5. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за радиодифузната дејност, по скратена постапка, поднесен од пратениците Владимир Ѓорчев, Светлана Јакимовска, Силвана Бонева, Александар Николовски, Александар Спасеновски, Косана Николиќ Мазнева и Илија Китаноски;

6. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за Судскиот совет на Република Македонија, по скратена постапка;

7. Предлог на закон за изменување на Законот за Советот на јавните обвинители на Република Македонија, по скратена постапка;

8. Предлог на закон за дополнување на Законот за заштита од пушењето, по скратена постапка.


Click