Собраниско раководство



Вторник, 22 мај 2012 година

Врачена благодарница на претседателот Вељаноски од страна на Власите во Република Македонија

По повод Националниот ден на Власите - 23 Мај, претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, оствари средба со претставниците на заедницата на Власите во Република Македонија, честитајќи им го празникот.

Претседателот Вељаноски потенцираше дека придонесот на различните етнички заедници во Република Македонија е голем и значаен. Заслуга за тоа има и влашката етничка заедница, која преку својата богата култура, трудољубивост, традиција и историја, го гради нашиот динамичен развој во демократска држава.

Од страна на претставниците на заедницата на Власите во Република Македонија, на претседателот Трајко Вељаноски, му беше врачена Благодарница за неговиот придонес во изминатиов период.

Click