Собраниско раководство

Среда, 8 февруари 2012 година

Средба на претседателот Вељаноски со амбасадорот на Република Романија, г. Фокша Јустинијан

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, денеска оствари протоколарна средба со новоименуваниот амбасадор на Република Романија, г. Фокша Јустинијан.

Претседателот Вељаноски, посакувајќи му успешен мандат на новоименуваниот амбасадор, истакна дека меѓу Република Македонија и Република Романија нема отворени прашања, што е добра основа за развој на билатералните односи на сите нивоа.

Соговорниците се согласија дека парламентарната соработка и на ниво на претседатели и на ниво на комисии и пратеници треба да ја одбележи 2012 година, како продолжение на билатералната соработка на ниво на претседатели на држави.

Амбасадорот Јустинијан Фокша ја повтори поддршката на Република Романија за евроатлантските интеграции на Република Македонија. 
Click