Собраниско раководство



Вторник, 10 јануари 2012 година

Средба на претседателот Вељаноски со претседателот на Владата на Република Косово, г. Хашим Тачи

На средбата меѓу Македонската парламентарна делегација, предводена од  претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски и претседателот на Владата на Република Косово, г. Хашим Тачи, билатералните односи беа оценети како многу добри и со реална тенденција на натамошен развој.

Во тие рамки, претседателот Вељаноски ја спомна посетата и разговорите кои делегацијата ги имаше со косовските колеги.
Потребно е да се заокружат и процесите на донесување на сите потребни билатерални договори со кои вкупните билатерални односи ќе добијат нова квалитетна димензија.

„Република Македонија, која меѓу првите држави ја призна независноста на Косово, и понатаму е подготвена да помогне на сите  институции во Република  Косово, да ги споделиме сите позитивни искуства на нашиот евроатлански пат“, истакна претседателот Вељаноски. 

На средбата, посебно внимание беше посветено и на економските односи.

„Како одговорни политичари кои сме на чело на конкретни институции, мораме во рамките на нашите надлежности да создаваме услови за натамошен развој на економската соработка. Верувам дека бизнис заедницата и на Република Македонија и на Република Косово од нас тоа го очекуваат, бидејќи досегашното искуство покажува дека за ова има голем интерес. Во тие рамки таа соработка треба да добива нови и повисоки форми, а и да ги опфати сите сфери од енергетиката, инфраструктурата, туризмот“, рече претседателот Вељаноски

Претседателот на Владата на Република Косово, г. Хашим Тачи, посебно ги истакна високо развиените односи меѓу двете држави на сите полиња.

Изразувајќи задоволство меѓу двата парламенти, претседателот Тачи ја истакна институционалната стабилност на Република Македонија и нејзините институции, со што се дава голем придонес во стабилноста на регионот и неговата европска перспектива.

Зборувајќи за патната и енергетската инфраструктура, претседателот на Владата на Република Косово најави дека во втората половина на годинава или на почетокот на идната ќе започне реализација на патниот правец Приштина - Скопје.

Click