2013



Среда, 20 ноември 2013 година

ЕКОНОМСКИТЕ ПРИОРИТЕТИ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА ЗА 2014 ГОДИНА

Европската комисија на 13 ноември годинава го претстави својот Годишен преглед на раст, со што беше означен почетокот на четвртиот Европски семестар.

Европскиот семестар претставува главен инструмент на новото економско управување во ЕУ, усвоен за прв пат во 2010 година. Овој годишен циклус претставува координација на економските политики на ниво на ЕУ и вклучува неколку фази за подобрување на економскиот и буџетскиот надзор, како и препораки до земјите членки во однос на нивните економски и фискални политики.

Годишниот преглед на раст ги поставува општите економски приоритети кои земјите-членки треба да ги следат при изготвувањето на нивните буџети и планови за реформи за следната година. Во прилог на Годишниот преглед на раст се вклучени повеќе документи: Предлог-заеднички извештај за вработеноста, како и работен документ за имплементацијата на специфичните препораки кај земјите-членки. Извештајот за механизмот за предупредување содржи објективна анализа на економиите на земјите-членки заснована на показатели со кои се мери внатрешната и надворешната конкурентност. Во Извештајот за интеграција на Единствениот пазар претставена е анализа на состојбите во однос на интеграцијата на Единствениот пазар во областите со најголем потенцијал на раст.

Министрите за финансии ќе го разгледаат Извештајот за механизмот за предупредување во декември годинава и ќе треба да дадат согласност за главните области за натамошна координација на економските политики и реформи.

Комисијата во текот на годината врши проверка на напредокот во спроведувањето на приоритетите и реформите, при што се става акцент на еврозоната и земјите членки со фискални или финансиски потешкотии.

За подетални информации на следниов линк:
http://ec.europa.eu/europe2020/making-it-happen/annual-growth-surveys/index_en.htm

Click