2013



Среда, 18 септември 2013 година

ГОЛЕМ ИСЧЕКОР ЗА ЕДИНСТВЕНИОТ ПАЗАР НА ТЕЛЕКОМУНИКАЦИИ

Европската комисија, на 11 септември годинава, донесе план за реформа на пазарот на телекомуникации, кој вклучува пакет на закони за намалување на трошоците на корисниците и голем број на нови права за корисниците и давателите на услуги. Телекомуникацискиот сектор сочинува само 9% од Европската дигитална економија, сите сектори сѐ повеќе зависат од меѓусебната поврзаност, потребата да бидат глобално конкурентни и да обезбедуваат услуги.

Преземените реформи во оваа област помогнаа да се трансформира начинот на кој се испорачуваат телекомуникациските услуги во Европската унија. Секторот сѐ уште работи врз основа на 28 национални пазари, не постои единствена компанија за телекомуникации која работи низ цела ЕУ. Операторите и клиентите се соочуваат со различни цени и правила.

Главните елементи на пакетот на закони се:

  • поедноставување на правилата на ЕУ за телекомуникациските оператори - едно одобрение за работа во сите 28 земји-членки;
  • укинување на премиите за роаминг - трошоците за дојдовен повик додека се патува во ЕУ ќе бидат забранети од 1 јули 2014 година;
  • без трошоци за меѓународен повик во рамките на Европа - актуелниот предлог би значел дека компаниите не ќе можат да наплатат повеќе за повик во фиксната мрежа во рамките на ЕУ, отколку што наплаќаат за национален повик во рамките на една држава. За мобилни интра-повици во ЕУ, цената не може да биде повисока од 0,19 € во минута (плус ДДВ);
  • правна заштита за отворен интернет - забрана на блокирање и закочување на интернет содржината, со што се дава пристап на корисниците до целосна и отворена интернет содржина без оглед на цената или брзината дефинирана во претплатата. Потрошувачите ќе имаат право да проверат дали брзината на интернетот е онаа за која плаќаат, при што се дава можност за раскинување на договорот доколку обврските не се исполнети;
  • нови усогласени права на потрошувачите низ цела Европа - нови права како што е правото на склучување договори на едноставен јазик, поголеми права при преминување од еден на друг провајдер или договор, правото на склучување и на 12 месечен договор, право пораките од една и-мејл адреса да бидат препратени на новата и-мејл адреса при преминување од еден на друг интернет провајдер;
  • координиран спектар на доделување - ова ќе обезбеди користење повеќе 4G мобилен пристап и Wi-Fi. Мобилните оператори ќе можат да развијат поефикасни планови за инвестиции и преку границите; и
  • поголема сигурност на инвеститорите - препораката за методологијата на чинење и недискриминација е вториот елемент на овој пакет, има за цел да ја зголеми сигурноста за инвеститорите, да го зголемат нивото на инвестиции и да се намалат разликите помеѓу регулаторите.

За повеќе информации на следните линкови:
https://ec.europa.eu/digital-agenda/en/news/commission-adopts-regulatory-proposals-connected-continent
https://ec.europa.eu/digital-agenda/en/telecoms-and-internet

Click