2013



Петок, 20 септември 2013 година

ИНФОРМАТИВНА КАМПАЊА ЗА ИЗБОРИТЕ ЗА НОВИОТ ЕВРОПСКИ ПАРЛАМЕНТ

Со почеток на информативната кампања започнаа официјалните подготовки за изборите за Европскиот парламент што ќе се одржат во мај 2014 година. Кампањата ќе се одвива во четири фази:

  • на 10 септември годинава започна првата фаза со претставување на слоганот „дејствувај, избирај, влијаи“, кој има за цел да ги објасни новите овластувања на Европскиот парламент и импликациите од истите за граѓаните на ЕУ.
  • во текот на октомври 2013 година до февруари 2014 ќе се спроведува втората фаза од кампањата, акцентот ќе биде ставен на пет клучни теми: економијата, работните места, квалитетот на животот, финансиите и местото на ЕУ во светот. Во оваа фаза ќе бидат организирани и различни интерактивни настани во европските градови.
  • изборната кампања или третата фаза, ќе започне  во февруари 2014 година и ќе биде фокусирана на изборите кои ќе се одржат од 22 до 25 мај 2014.
  • по завршување на изборите, финалната фаза од кампањата ќе биде посветена на  новоизбраниот Европски парламент како и на изборот на идниот претседател на Европската комисија и инагурацијата на новиот состав на Европската комисија.

Информации од следниов линк:
http://www.europarl.europa.eu/news/en/news-room/content/20130906IPR18827/html/European-Parliament-launches-information-campaign-towards-2014-elections

Click