2013



Вторник, 21 мај 2013 година

ИНВЕСТИРАЊЕ ВО ЗЕЛЕНА ИНФРАСТРУКТУРА

Европската комисија на 6 мај годинава усвои нова стратегија за поттикнување на користењето на зелената инфраструктура. Овој вид на инфраструктура претставува проверена алатка која ја користи природата за обезбедување на еколошки, економски и социјални бенефиции. На пример, наместо да се гради инфраструктура за заштита од поплави, со зелено инфраструктурно решение може да се овозможи природните мочуришта да го апсорбираат вишокот на вода од обилните дождови.

Европските предели се менуваат секојдневно и значително, како резултат на промените, поделбата и зголемување на користењето на земјиштето. Урбаната експанзија, изградбата на патна и енергетска инфраструктура ги деградираат значајните екосистеми, влијаат на нивните живеалишта и видови, со што се намалуваат просторните и функционални врски на пределите. Од аспект на здравствените и еколошки придобивки, зелената инфраструктура има повеќе социјални предности: се креираат работни места, градовите стануваат попривлечни места за живеење и за работа.

Во фокусот на новата стратегија е:

  • промовирање на зелена инфраструктура во главните области и политики: земјоделството, шумарството, природата, водата, климатските промени, транспортот, енергијата, регионалната и кохезиона политика, политиките на превенција од катастрофи и користење на земјиштето. Комисијата, до крајот на 2013 година, ќе изгради насоки за тоа како зелената инфраструктура може да се интегрира во спроведувањето на политиките за периодот 2014-2020 година;
  • подобрување на истражувањата и податоците, промовирање на иновативни технологии кои ја поддржуваат зелената инфраструктура;
  • подобрување на пристапот до финансии за зелени инфраструктурни проекти;
  • поддршка на зелените инвестициски проекти на ЕУ - до крајот на 2015 година Комисијата ќе спроведе студија за проценка на можностите за развивање на широка ЕУ мрежа на зелена инфраструктура.

Европската комисија до крајот на 2017 година, ќе го разгледа напредокот и развојот на зелената инфраструктура и ќе презентира извештај за научените лекции, како и препораки за идните чекори. 

Информации од следните линкови:
http://europa.eu/rapid/press-release_IP-13-404_en.htm
http://ec.europa.eu/environment/nature/ecosystems/index_en.htm

Click