2013



Понеделник, 01 јули 2013 година

ЛИТВАНИЈА ГО ПРЕЗЕДЕ ПРЕТСЕДАТЕЛСТВОТО СО СОВЕТОТ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА

Литванија на 1 јули годинава го презеде шестмесечното претседателство со Советот на ЕУ, во период кога ќе бидат потребни неодложни решенија за да се обезбеди економски раст и безбедност во Европа. Литванија е земја со 3,2 милиони жители која пристапи во ЕУ во 2004 година и сеуште не е членка на евро зоната.

Граѓаните на сите 28 земји-членки на ЕУ очекуваат политичка волја и согласност од сите европски лидери за важните прашања како и конкретни активности. Меѓу земјите-членки потребна е поблиска соработка повеќе од кога било со цел да се обезбеди раст, создавање на  работни места и подобра конкурентност.

Во фокусот на претседателството се следните три цели:

  • Кредибилна Европа
    Литванското претседателство ќе се стреми да се оствари напредок во јавните финансии во ЕУ и зајакнување на основите на финансиската стабилност потребни за целосно враќање на економскиот кредибилитет на Унијата. Напорите на претседателството ќе бидат насочени кон понатамошен развој на рамката за банкарска унија и други законски предлози во областа на реформите во финансискиот пазар. Клучна задача ќе биде спроведување и унапредување на договорените реформи, вклучително и економското управување и зајакнување на економската и монетарната Унија.
  • Раст во Европа
    Литванското претседателство ќе се базира на агендата Европа 2020  и Европскиот семестар, посилна политика за Единствениот пазар и ефикасно спроведување на договорот за раст и работни места. Во фокусот ќе биде понатамошно продлабочување и интегрирање на Единствениот пазар како главна движечка сила за економскиот раст и подобри можности за вработување. Претседателството ќе даде приоритет на иницијативите кои ќе придонесат за зголемување на довербата во економијата на ЕУ и ќе резултираат со динамичен единствен дигитален пазар. Претседателството ќе посвети внимание на истражувањата и иновациите, ќе настојува да ги следи обврските на ЕУ за финализирање на Внатрешниот енергетски пазар до 2014 година.
  • Отворена Европа
    Литванското претседателство ќе превземе чекори за зајакнување на ЕУ како глобален модел на отвореност и безбедност. Претседателството ќе се фокусира на поблиска интеграција на ЕУ и нејзините источни партнери. Литванското претседателство ќе продолжи да го следи процесот на проширување на ЕУ како и подобра координација во надворешната димензија на енергетската политика на ЕУ. Претседателството ќе ја промовира слободната трговија со стратешките партнери: САД, Јапонија, Канада и др. Претседателството ќе настојува на зајакнување на Заедничката безбедносна и одбранбена политика преку посилна соработка со партнерите како и подобар одговор на новите безбедносни предизвици.

Повеќе информации на следниот линк:
http://www.eu2013.lt/en/

Click