2013



Четврток, 26 септември 2013 година

ОДБЕЛЕЖАН ЕВРОПСКИОТ ДЕН НА СОРАБОТКА

Во текот на септември годинава во 30 земји од Европа беше одбележан Европскиот ден на територијална соработка со организирање на околу 140 различни настани: филмски фестивали, регионални здравствени форуми, обуки и семинари за остварување на соработка, саеми, изложби и презентации, дебати посветени на образованието, натпревари во фотографија и др.

Европската територијална соработка претставува суштинска цел на регионалната политика на Европската унија, регионите и градовите од земјите-членки на ЕУ се охрабруваат да работат заеднички и преку заеднички програми, проекти и мрежи да споделуваат искуства едни со други.  Територијалната соработка не влијае единствено на земјите-членки на ЕУ, исто така ги вклучува и земјите соседи на Унијата. За олеснување на соработката Европската унија има развиено три главни инструменти: за европска територијална соработка, инструментот за предпристапна помош и инструментот за европско соседство и партнерство.

Територијалната соработка за периодот 2007-2013 година се остварува преку:

  • 53 програми за прекугранична соработка во внатрешните граници на ЕУ;
  • 13 интернационални програми за соработка кои опфаќаат поголеми области на соработка, пр. макро-регионални стратегии за Дунав и Балтичкото море;
  • меѓурегионална програма за соработка (INTERREG IVC) и 3 програми за вмрежување (URBACT II, INTERACT II и ESPON) за сите земји-членки на ЕУ, кои обезбедуваат рамка за размена на искуства меѓу регионалните и локалните тела во земјите.

Доколку договорот за регионалната политика на ЕУ за периодот 2014-2020 година биде одобрен од Европскиот парламент и Советот, буџетот ќе се зголеми, а во рамките на новите реформи на регионалната политика кои се во финална фаза на преговори, програмите за европскатата територијална соработка ќе бидат во фокусот на инвестициите и создавање на вистински услови за иден раст.

Значаен момент од годинешната прослава беше лансирањето на иновативни мобилни апликации за оперативните системи IOS и андроид кои овозможуват корисниците да ги следат сите настани и новости во врска со кампањата, како и директно да учествуваат во истата.

Кампањата за одбележување на Европскиот ден на соработка е координирана од програмата INTERACT поддржана од страна на Европската комисија, Европскиот парламент и Комитетот на регионите.

За повеќе информации на следниве линкови:
http://www.ecday.eu/
http://www.territorialcooperation.eu/keep/
http://ec.europa.eu/regional_policy/cooperate/cooperation/index_en.cfm

Click