2013



Четврток, 28 март 2013 година

ПОДГОТОВКИ ЗА СЛЕДНИТЕ ИЗБОРИ ЗА ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ

Изборите за Европскиот парламент што ќе се одржат во 2014 година ќе бидат првите избори по стапувањето во сила на Договорот од Лисабон. Со овој договор беа зајакнати демократските темели на Унијата, се зголеми улогата на граѓаните на Европската унија, преку воспоставување на солидна врска помеѓу граѓаните, остварување на нивните политички права и демократскиот живот на Унијата. Со воведување на граѓанската иницијатива, Лисабонскиот договор овозможува граѓаните на ЕУ да учествуваат подиректно и целосно во демократскиот живот во Унијата.

Граѓаните на ЕУ на ниво на Унијата директно се претставени во Европскиот парламент. Европските политички партии како интернационални актери со клучна улога во изразувањето на гласот на граѓаните на европско ниво, се во најдобра позиција да ги премостат разликите помеѓу политиките на ЕУ и граѓаните.

Со Лисабонскиот договор, на европските политички партии им се доделува мисијата да допринесат кон формирање на европската политичка свест и за изразување на волјата на граѓаните на ЕУ. Со цел на европските политички партии да им се овозможи целосно да ја остварат оваа мисија, Европската комисија во септември 2012 година усвои предлог на регулатива за статутот и финансирањето на европските политички партии и европските политички фондации.

Според предлогот, пан-европските политички партии треба да ги преземат сите соодветни мерки за информирање на граѓаните на ЕУ во врска со националните политички партии и нивните кандидати за европските политички партии во текот на изборите.

Во ЕУ на сите нивоа се одвива широк политички дијалог посветен на иднината на Европа, вклучително и серија на граѓански дијалози помеѓу европските и националните политичари и граѓаните, како дел од "2013-Европска година на граѓаните" со која се одбележува 20 годишнината од воведувањето на европското граѓанство со Договорот од Мастрихт. Во ЕУ се организираат голем број на настани, конференции и јавни дебати, на национално, регионално и на локално ниво. Сите настани имаат за цел да се подигне свеста на граѓаните на ЕУ за нивните права, вклучително и правото да учествуваат во демократскиот живот на Унијата.

Во поглед на изборите за Европскиот парламент што ќе се одржат следната година, Европската комисија сака да ги охрабри граѓаните во поголем број да го дадат својот глас. Недостатокот на информации е една од главните причини за слаб одзив на гласачите.

Според испитувањето на Евробарометарот за избирачките права објавено во март годинава и спроведено меѓу граѓани од сите земји-членки на Унијата: 84% од граѓаните на ЕУ сметаат дека ќе има поголема излезност на гласачите доколку истите имаат повеќе информации за изборите за ЕП, за влијанието на ЕУ врз секојдневниот живот како и за програмите и целите на кандидатите и политичките партии во ЕП; околу 73% од анкетираните сметаат дека одзивот на гласачите ќе биде поголем доколку имаат повеќе информации во текот на кампањата за поврзаноста на кандидатите со европските политички партии и 62% сметаат дека одзивот ќе биде поголем доколку изборите во цела ЕУ се одржуваат во ист ден.

Во поглед на изборите за Европскиот парламент што ќе се одржат во 2014 година, Европската комисија смета дека:

  • гласачите треба да бидат информирани за поврзаноста меѓу националните партии и европските политички партии, пред и за време на изборите за Европскиот парламент;
  • земјите-членки треба да се согласат за заеднички ден за избори на Европскиот парламент, со затворање на избирачките места во исто време;
  • секоја европска политичка партија треба да номинира кандидат за претседател на Европската комисија;
  • националните партии треба да обезбедат дека нивните политички емитувања за изборите за Европскиот парламент ги информираат граѓаните за кандидатот што го поддржуваат за претседател на Европската комисија како и за програмата на кандидатот.

Земјите-членки на ЕУ треба да ги спроведат препораките на Европската комисија пред одржувањето на изборите во 2014 година.


Повеќе информации на следниов линк:
http://ec.europa.eu/news/eu_explained/130313_en.htm

Click