2013



Петок, 28 јуни 2013 година

ПОСТИГНАТ ПОЛИТИЧКИ ДОГОВОР ЗА ПОВЕЌЕГОДИШНАТА ФИНАНСИСКА РАМКА НА ЕУ (2014-2020)

На 27 јуни годинава во Брисел меѓу Европскиот парламент, Советот на ЕУ и Европската комисија се постигна политички договор за идниот седумгодишен буџет на Европската унија. По повеќе месеци на преговори кои се одвиваа помеѓу институциите на ЕУ, со политичкиот договор постигнат во рамките на Ирското претседателство со Советот на ЕУ, буџетот формално ќе може да биде поднесен за одобрување од Европскиот парламент и Советот. Во текот на преговорите повеќе од земјите-членки бараа намалување на буџетот на ЕУ, додека Европскиот парламент и Комисијата беа со став дека поголем буџет ќе го поддржи економското закрепнување на Унијата.

Повеќегодишната финансиска рамка на ЕУ претставува план за трошење на средствата за следните седум години. За определените приоритети на ЕУ предвидени се конкретни финансиски рокови, се ограничуваат трошоците во точно определени периоди, се дефинираат максимални износи кои се на располагање за секоја голема категорија на расходи. Планот обезбедува политичка и буџетска  рамка во фокусот на потребните ресурси и инвестиции. Покрај усвојувањето на Повеќегодишната финансиска рамка за периодот 2014-2020, ќе треба формално да бидат усвоени околу 75 законодавни акти.

Повеќе информации на следниот линк:
http://ec.europa.eu/budget/mff/index_en.cfm

Click