2013



Вторник, 12 ноември 2013 година

ПРЕДЛОЗИ НА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ЗА ЗАЈАКНУВАЊЕ НА СОЦИЈАЛНАТА ИНТЕГРАЦИЈА

Европската комисија на 02 октомври годинава усвои комуникација за социјалната димензија на Економската и монетарна унија, која го следи планот на Комисијата (IP/12/1272) објавен во ноември 2012 година. Комуникацијата претставува одговор на барањето од Европскиот совет од минатата година, да се презентираат можни мерки за социјалната димензија на ЕМУ, вклучително и социјалниот дијалог.

Документот на Комисијата се фокусира на три области:

  • зајакнување на надзорот на вработеноста и социјалните предизвици и зајакнување на координацијата на политиките во рамките на Европскиот семестар;
  • подобрување на солидарноста и зајакнување на мобилноста на трудот и
  • зајакнување на социјалниот дијалог.

Со Европскиот семестар предвиден е годишен календар и правила за следење и координација на економските политики, додека Европската стратегија 2020 ги содржи клучните социјални цели и целите за вработување за земјите членки на ЕУ, за следната декада.

Комисијата предложи за периодот 2014-2020 година, земјите членки да одвојат најмалку 20% од нивниот дел од Европскиот социјален фонд, со цел промоција на социјалното вклучување и борбата против сиромаштијата. Сеуште постои простор за подобра консултација со социјалните партнери за клучните чекори во процесот на донесување на одлуки во рамките на Европскиот семестар.

Комисијата ќе се заложи да обезбеди средби со социјалните партнери во ЕУ, да организира дебати, да одржи технички подготвителни состаноци пред трипартитниот социјален самит кој треба да се одржи во март следната година, како и да организира средби на високо ниво.

Европскиот совет во јуни годинава ја нагласи потребата за обезбедување на подобра координација на социјалните политики и вработеноста и ја истакна улогата на социјалните партнери и социјалниот дијалог.

За дополнителни информации на следниов линк:
http://ec.europa.eu/social/main.jsp?langId=en&catId=89&newsId=1979&furtherNews=yes
http://ec.europa.eu/commission_2010-2014/president/

Click