2013



Четврток, 26 декември 2013 година

РЕЗУЛТАТИ ОД ЛИТВАНСКОТО ПРЕТСЕДАТЕЛСТВО СО СОВЕТОТ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА

На последниот состанок на Европскиот совет што се одржа на 19 и 20 декември годинава, претседателот на Литванија г-ѓа Далија Грибаоскаите ги презентираше резултатите од претседателството на Литванија со Советот на ЕУ.

Во текот на шестмесечното претседателство, Литванија постигна договор за голем број на акти, усвоени се 251 документи значајни за иднината на Унијата како и остварен е напредок во преговорите за 114 иницијативи.

Најзначајното достигнување на Литванското претседателство е завршувањето на преговорите за 59 програми кои се суштински за спроведување на Повеќегодишната финансиска рамка на ЕУ. Сите земји-членки на Унијата, од следната година ќе имаат пристап до поддршката на ЕУ, за реализација на проекти со цел зголемување на националниот економски раст и благосостојбата на граѓаните.

Во фокусот на Литванското претседателство со ЕУ беше и справувањето со невработеноста на младите. Во новиот повеќегодишен буџет на ЕУ определени се средства за спроведување на иницијативата за сигурност на младите. Во текот на претседателството беа донесени одлуки за подобрување на европската енергетска безбедност и конкурентноста. 

Постигнатиот договор на земјите-членки на ЕУ, за резолуцијата за единствениот механизам, банкарско заздравување и директивата за шемите на гаранциите на депозитите ќе овозможат ефикасно реструктуирање на несолвентните банки, ќе обезбедат инструменти за финансиска помош, заштита на депозитите и враќање на довербата на глобалните пазари во Унијата.

Во текот на претседателството, напредуваа преговорите за слободна трговија со стратешките партнери. Беа започнати преговори со Соединетите Американски Држави, а со Канада беа завршени, како и добиен мандат за преговори за заштита на инвестициите со Кина.

Резултатите на Литванското претседателство со Советот на ЕУ исто така беа презентирани на 17 и 18 декември годинава пред седум комитети во Европскиот парламент во Брисел, од страна на шест министри во Владата на Литванија.

Во текот на шестмесечното претседателство Литанија ја посетиле над 30.000 странски гости, околу 1800 новинари од целиот свет известувале за настаните на претседателството. Во повеќе европски држави биле одржани околу 500 културни настани за Литванија.

Повеќе информации на следните линкови:
http://www.eu2013.lt/en/
http://www.eu2013.lt/en/news/pressreleases/lithuania-has-justified-europes-trust
http://www.eu2013.lt/en/news/pressreleases/results-of-the-lithuanian-presidency-in-the-committees-of-the-european-parliament


 

Click