Собраниско раководство



Понеделник, 14 октомври 2013 година

Претседателот Вељаноски оствари средба со Делегација од Германскиот Бундестаг, предводена од пратеникот г. Штефан Клаудио Леме

Претседателот Вељаноски, како покровител на Програмата – Меѓународна парламентарна стипендија (ИПС) на германскиот Бундестаг, денеска ја прими Делегацијата од германскиот Бундестаг предводена од пратеникот, г. Штефан Клаудио Леме, која воедно е Изборна делегација за селекција и избор на тројца стипендисти од Република Македонија кои ќе престојуваат пет месеци во германскиот Бундестаг и ќе бидат ангажирани во канцеларии на германските пратеници.

Инаку Меѓународната парламентарна стипендија (ИПС) е традиционална активност на германскиот Бундестаг, односно на германскиот Парламент кој заедно со Техничкиот универзитет, Слободниот универзитет и Универзитетот Хумболт од Берлин, дава можност на млади луѓе со завршено универзитетско образование од земјите од Југоисточна Европа да се запознаат со парламентарниот систем на Германија.

Претседателот Вељаноски и гостинот од Бундестагот разменија мислење за актуелните политички случувања во Република Македонија и во Сојузна Република Германија, но пред сè се задржаа на значењето на Програмата чиј покровител е претседателот Вељаноски, како и на можноста од нејзино проширување и надградување, сè со цел имплементација и искористување на искуствата и знаењето со кое се стекнуваат стипендистите за време на престојот во Бундестагот. На средбата стана збор и за подготвеноста и можноста за унапредување на парламентарната соработка на сите нивоа и размена на искуства значајни за функционирање на законодавниот дом.

Click