Собраниско раководство



Четврток, 5 септември 2013 година

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски оствари средба со претседателот на Република Хрватска, г. Иво Јосиповиќ

На почетокот на средбата и двајцата соговорници се согласија дека меѓу Република Македонија и Република Хрватска нема отворени прашања, а билатералните односи на сите полиња во изминатиот период се во постојан подем. На средбата, претседателот Вељаноски, истакна дека со приемот на Хрватска, Република Македонија доби уште еден пријател во eвропското семејство, и притоа потсети дека евроатлантските интеграции беа определба и константа на двете држави. Претседателот Вељаноски дополни дека двете држави заедно го одеа овој пат, но поради познатите причини, Република Македонија беше блокирана од страна на нашиот јужен сосед.

На средбата се заборуваше за унапредувањето на парламентарната соработка, за која претседателот Вељаноски истакна дека е успешна и дека е значаен инструмент во градењето на севкупните билатерални односи. Исто така, на средбата стана збор и за актуелните политички случувања во Република Македонија и Хрватска.

Претседателот на Република Хрватска на средбата истакна дека, како и досега, така и во иднина, Хрватска во целост ќе ги поддржува евроатлантските интеграции на Република Македонија, како и во пренесување на конкретно искуство во политичката и во техничката сфера за побрзо интегрирање во Европската унија. Тој се осврна и на положбата на хрватското малцинство кај нас и македонското во Хрватска, истакнувајќи дека и двете држави преземаат конкретни мерки за зачувување и развивање на нивната положба во самите држави. Во однос на спорот со нашиот јужен сосед, Република Хрватска ќе го поддржи секое решение кое што е прифатливо за нас.

На средбата претседателот Вељаноски и претседателот на Хрватска разменија мислења, за економијата, одбраната, транспортот, земјоделството и туризмот во двете држави, за кои се согласни дека треба на меѓусебен план уште повеќе да се унапредуваат.

Click