Собраниско раководство



Среда, 17 јули 2013 година

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски оствари средба со претседателот на Република Словенија, г. Борут Пахор

Претседателот Вељаноски го запозна гостинот со актуелната политичка состојба на Република Македонија, со одржаните локални избори, со покажаната волја на народот на истите и нормализираната состојба по настаните кон крајот на минатата година.

Претседателот Вељаноски го запозна гостинот и со посветеноста во спроведувањето на реформите на патот на евроатлантското интегрирање на Република Македонија, како и со подготвеноста да се направи уште повеќе, да се имплементираат уште реформи во насока на подобрување на животот на граѓаните.

Претседателот на Република Словенија, г. Пахор изрази задоволство од посетата на Република Македонија, на претседателот Вељаноски му пренесе поздрави од словенечкиот колега, претседателот на Парламентот на Словенија г. Јанко Вебер и изрази убедување дека средбиве придонесуваат кон зајакнување на севкупните односи меѓу двете пријателски држави.

Двајцата соговорници разменија мислење за добивањето на датум за отпочнување на преговорите на Република Македонија со Европската унија, за можноста и потребата навреме да се усогласи националното законодавство со европското, како и за спорот со името со јужниот сосед како пречка Република Македонија да ги отпочне преговорите за членство во ЕУ. Во тој контекст претседателот Вељаноски истакна дека пријателите можеш да ги бираш, но соседите се тие кои се и дека ако Република Словенија и беше сосед на Република Македонија спор немаше да постои, а доколку постоеше сигурно ќе се решеше и Македонија ќе беше член на Европската унија.

Претседателот Пахор изрази подготвеност Република Словенија да направи сѐ што е во нејзина можност за олеснување на интегрирањето на Република Македонија.

Click