Соопштенија

Среда, 23 октомври 2013 година, 12,00 часот, Свечена сала
 
Доделување на државната награда „23 Октомври“

На 23 октомври 2013 година (среда), во Свечената сала на Собранието на Република Македонија, во 12,00 часот, Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“ ќе ја додели наградата „23 Октомври“ за 2013 година за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство на Република Македонија.

Државната награда „23 Октомври“, за остварување во областа на културата и уметноста, се доделува на Ана Дурловски, оперски уметник, Џабир Амети, писател, Михаил Ренџов, писател и Ставре Димитров-Стадим, ликовен уметник.
Click