Соопштенија

Четврток, 10 октомври 2013 година

Доделување на државната награда „11 Октомври“
 
На 11 октомври 2013 година (петок), во Свечената сала на Собранието на Република Македонија, во 12,00 часот, Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври“ ќе ја додели наградата „11 Октомври“ за 2013 година за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на Република Македонија.

Наградата за животно дело во областа на науката и образованието ќе му биде доделена на проф. д-р Срѓан Керим, економист и дипломат.

Во областа на културата и уметноста, наградата за животно дело ќе му биде доделена на проф. д-р Решат Амети, ликовен уметник.

Наградата за животно дело во областа на новинарството и публицистиката, ќе му биде доделена на г. Драгослав Аргировски, новинар и публицист.

Click