Соопштенија

Четврток, 10 октомври 2013 година

Собраниска делегација на Годишната сесија на ПС на НАТО
 
Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на НАТО, предводена од Ермира Мехмети, а во чиј состав е и Павле Трајанов, од 11 до 14 октомври оваа година ќе учествува на Годишната сесија на ПС на НАТО што се одржува во Дубровник, Република Хрватска.

За време на сесијата, седници ќе одржат и петте комитети на ПС на НАТО, меѓу кои и Комитетот за цивилна димензија на безбедноста, на  кој ќе се разгледа извештајот Западен Балкан: обезбедување на стабилна иднина.

 
Click