Соопштенија

Среда, 18 септември 2013 година

Јавна расправа по Предлогот на законот за прекршоци

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците на 64. седница, ќе одржи Јавна расправа по Предлогот на законот за прекршоци.

Јавната расправа ќе се одржи на 20 септември (петок) 2013 година, со почеток од 11,00 часот, во Сала „Борис Трајковски“, во зградата на Собранието на Република Македонија.

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, покани претставници од различни институции и организации да учествуваат на расправата и да дадат свои мислења и ставови во врска со овој Предлог на закон.

За дополнителни информации, контактирајте го лицето Габриела Збиљиќ - Советник на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и тоа на мобилен телефон: +389 71 259012; е-пошта: g.spirkovska@sobranie.mk и kpolsis@sobranie.mk.


Click