Соопштенија

Петок, 20 септември 2013 година

Јавна расправа по Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за авторско право и сродните права
 
Комисијата за култура на 20. седница, ќе одржи Јавна расправа по Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за авторското право и сродните права.

Јавната расправа ќе се одржи на 26 септември 2013 година (четврток), со почеток од 10.00 часот, во Сала „Борис Трајковски“ во зградата на Собранието на Република Македонија.

Комисијата за култура, покани претставници од различни организации, институции, здруженија и сојузи, да учествуваат на расправата и да дадат свои мислења и ставови во врска со овој Предлог на закон.

Вашиот медиум е поканет да присуствува на расправата и да го покрие настанот.

За дополнителни информации, контактирајте го лицето Ана Климовска - советник во Комисијата за култура, моб.телефон 071/378 832 е-пошта: klimovskaana@hotmail.com

 
Click