Соопштенија

Петок, 4 октомври 2013 година

Надзорна расправа на тема: „Користење на фондовите од инструментот за пристапна помош-ИПА во Република Македонија“ 
 
Третото продолжение на 42. седница на Комисијата за европски прашања, посветена на Надзорната расправа ќе се одржи на 7 октомври (понеделник) 2013 година, четвртото продолжение на 8 октомври (вторник), а петтото продолжение на 9 октомври (среда). Надзорната расправа на сите три продолженија ќе започне во 11.00 часот, во Сала на Уставна комисија, во зградата на Собранието на Република Македонија.

Целта на надзорната расправа е да се утврди ефикасноста на досегашното искористувањето на средствата од претпристапните фондови во Република  Македонија (ИПА), нивното влијание, како и да се проценат апсорпционите капацитети на Република Македонија, во пресрет на почетокот на новата рамка за користењето на овој инструмент во периодот од 2014-2020 година.

На надзорната расправа ќе бидат поканети да присуствуваат и претседателот на Собранието на Република Македонија, потпретседателите на Собранието на Република Македонија, координаторите на пратеничките групи во Собранието на Република Македонија, членовите и нивните заменици на Комисијата за европски прашања, членовите на Националниот совет за евроинтеграции и други учесници и гости.

Исказите на сведоците ќе бидат ограничени на 5 минути,  членовите на Комисијата за европски прашања ќе поставуваат прашања  во траење од 10  минути, и заедно со одговорите на сведоците ќе бидат ограничени на вкупно 15 минути.

Доколку сведокот во моментот не располага со информациите што се потребни за да одговори на прашањето, комисијата може да побара да бидат поднесени во писмена форма.

За дополнителни информации, контактирајте ги лицата  Лилјана Петреска (+389 071 330-747)  и Станислава Чулиќ (+389 072 204-879), вработени  во  Комисијата за европски прашања и на фиксен телефон: +389 2 3182-338 или на е-маил адреса  kep@sobranie.mk

 

 

 
Click