Соопштенија

Вторник, 18 јуни 2013 година
 
Прво продолжение на надзорната расправа на тема „Имплементација на процесот на децентрализација“

Комисијата за локална самоуправа, на првото продолжение на 5. седница, ќе продолжи со надзорната расправа на тема „ Имплементација на процесот на децентрализација “.

На првото продолжение на надзорната расправа, Комисијата за локална самоуправа ќе продолжи со ислушување на исказот на Муса Џафери, заменик на претседателот на Владата задолжен за спроведување на Рамковен договор.        

Надзорната расправа ќе се одржи на 19 јуни (среда)  2013 година, со почеток од 11.00 часот, во сала „Борис Трајковски“, во зградата на Собранието на Република Македонија.
Click