Соопштенија

Понеделник, 30 септември 2013 година 

Учество на есенската сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа
 
Од 30 септември до 4 октомври во Стразбур, Република Франција, се одржува редовната есенска сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа, на која учествува делегација на ПССЕ на Собранието на Република Македонија, предводена од шефот на делегацијата, г. Александар Николоски и членот г. Игор Ивановски.

На оваа сесија ќе се расправа за Извештајот за парламентарните избори во Албанија,  функционирањето и демократските институции во Босна и Херцеговина, прогресот на постапката за мониторинг на парламентарното собрание, националната безбедност и пристап до информации, активностите на Организацијата за економска соработка и развој, правата на децата на физички интегритет, безбедност на храна, дискриминацијата на постари лица на пазарот на трудот и зајакнување на институцијата oмбудсман во Европа. Како итни прашања, на дневниот ред се состојбата во Сирија и Агендата за човековите на права на Европската унија.

Свое обраќање на сесијата ќе имаат претседателот на Молдавија, г. Серж Сарксиан, претседателот на Србија, г. Томислав Николиќ и претседателот на руската Дума, г. Сергеј Наришкин.

За време на сесијата предвидени се повеќе билатерални средби со други делегации,  меѓу кои најзначајна е  средбата со делегацијата на  Канада закажана за 2 октомври.

Оваа година ќе биде доделена и наградата за истакнат придонес за заштитата на човековите права „Вацвал Хавел“.
Click