Соопштенија

Вторник, 2 јули 2013 година
 
Учество на собраниска делегација на парламентарен состанок во Секретаријатот на енергетската заедница во Виена
 
На покана од Секретаријатот на енергетската заедница и Регионалниот совет за соработка делегација на Собранието на Република Македонија во состав, г-ѓа Владанка Авировиќ, г. Драган Цуклев, г. Реџаил Исмаили и г. Николче Ацевски ќе учествува на „Првиот состанок на пратеници од земјите-учеснички и пријатели на Енергетската заедница“, кој ќе се одржи на 4 јули 2013 година во Секретаријатот на енергетската заедница во Виена, Австрија.

Овој настан е во коорганизација на Секретаријатот на енергетската заедница и Регионалниот совет за соработка, а главна цел е поголемо вклучување на парламентите во работата на Енергетската заедница.
Click